Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Спроведени обуки за обучувачи на ППП

2020-06-15

Спроведени обуки за обучувачи на ППП

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 13.06.2020 и 14.06.2020 спроведе 2 он-лајн обуки  за обучувачи по прва психолошка помош. Овие обуки се поддржани од проектот со USAID, и се дел од предвидените вкупно 9 обуки по прва психолошка помош (ППП), психосоцијална поддршка (ПСП) и телефонските линии по ППП и ПСП, наменети за волонтери и вработени во ЦКРСМ. Обуките беа во времетраење од 6 часа и учество зедоа 22 волонтери и вработени од 17 ООЦК.

Обуките беа спроведени од лиценцираните тренери Деспина Стојановска и Ивана Маринчек, преку ZOOM платформата и беше користена презентација во која беа приложени основните постулати на пружање на прва психолошка помош, вклучувајќи интерактивни вежби со дискусија и објаснувања на теоретската позадина.

Во вториот дел од обуката учесниците имаа прилика да се воведат себе во улога на обучувач и на тој начин практично да ја извежбаат обуката која се очекува да ја мултиплицираат понатаму во своите ООЦК.

Обуките по прва психолошка помош (ППП), психосоцијална поддршка (ПСП) и телефонските линии по ППП и ПСП се спроведени со цел зголемување и подобрување на капацитетите на Црвениот крст на Република Северна Македонија на полето на психолошка помош и поддршка на своите волонтери и вработени и исто така и на целокупното население.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025