Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Спроведени работилници за психо-социјална поддршка

2024-07-08

Спроведени работилници за психо-социјална поддршка

Во периодот од 02.07.2024 до 04.07.2024 Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст во соработка со Цементарница УСЈЕ АД Скопје реализираше 3 работилници за психо-социјална поддршка, прва психолошка помош и справување со стрес наменета за вработените од Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Работилниците беа реализирани од психолози од Црвениот Крст во просториите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а на вработените им беа поделени алатки за справување со стрес, интерактивни вежби, како и теоретска основа за прва психолошка помош, психо-социјална поддршка и справување со стрес. Работилниците беа во времетраење од 2 часа и истите ги посетија повеќе од 180 лица. Црвениот крст се заблагодарува за успешната соработка и ја поздравува грижата за менталното здравје на вработените која ја покажува Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025