Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Тренинг по прва помош на тема „Методологија и техники на предавање по прва помош,,

2022-10-31

Тренинг по прва помош на тема „Методологија и техники на предавање по прва помош,,

Во период од 28-30.10.2022 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга Црвениот крст на Република Северна Македонија спроведе тренинг  на тема „Методологија и техники на предавање по прва помош,, поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во рамки на проектот ‘‘Здравствена грижа во итни состојби,, .

На тренингот земаат учество 26 предавачи и демонстратори по прва помош и истиот беше спроведен од страна на лиценциран тренер за тренери по прва помош од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

 Целта на оваа обука беше да се зајакнат знаењата и вештините и стекнување на нови знаења за методологија и техники на предавање по прва помош на предавачите и демонстраторите на курсевите по прва помош.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025