Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на претставник на ЦКРСМ на работен состанок за формирање на Итни медицински тимови за земјите од Западен Балкан

2023-10-04

Учество на претставник на ЦКРСМ на работен состанок за формирање на Итни медицински тимови за земјите од Западен Балкан

Во периодот  од 27-ти до  28-ти септември 2023 година во Белград, Република Србија, се одржа работен состанок за идентификување на  можностите и методи за поддршка на воведувањето на иницијативата за Итни медицински тимови во Западен Балкан. Работниот состанок беше реализиран од страна на Регионална канцеларија на СЗО за Европа и канцеларија на СЗО во Србија.

 На работилницата учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Главна цел на работилницата беше да се идентификуваат на  можностите и методи за поддршка на воведувањето на иницијативата за Итни медицински тимови во Западен Балкан за да се помогне во зајакнувањето на капацитетите на земјата за одговор на национални итни случаи и епидемии, придонесувајќи за сопствената здравствена безбедност преку распоредување на квалитетни клинички тимови и тимови за јавно здравје.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025