Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на работилница “Ангажираност на заедницата при итни здравствени состојби” – Мапирање на структури во заедницата

2024-12-03

Учество на работилница “Ангажираност на заедницата при итни здравствени состојби” – Мапирање на структури во заедницата

Во периодот од 02-03 декември, представници од Црвен крст на РСМ зедоа учество на работилница со тема: “Ангажираност на заедницата при итни здравствени состојби” – Мапирање на структури во заедницата, организирана од страна на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Северна Македонија. На работилницата  учествуваа и представници од Министерство за здравство, граѓански организации, УНИЦЕФ, УНФПА, УСАИД и останати релевантни институции.

Целта на работилницата е да се зајакнат капацитетите во државата за вклученост на заедниците пред, за време и после итни здравствени состојби. Работилницата исто така има за цел да воспостави структури, системи и вештини за соработка помеѓу Министерството за здравство, Светска здравстена организација и граѓански организации, за вклучување на заедниците за подготвеност и одговор при итни здравствени состојби.

Заедниците играат клучна улога во справувањето со итни здравствени состојби, и е од суштинско значење да се изградат локални капацитети за брзо и ефективно справување со предизвиците што може да произлезат од вакви ситуации. Оваа работилница покрај тоа што ја зајакнува вклученоста на заедниците во здравствената подготвеност, истовремено и ја поттикнува солидарноста и довербата меѓу различни институции и организации кои работат на терен.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025