Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ  ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НЕГОТИНО

2024-05-27

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НЕГОТИНО

Во периодот од 22-23.05.2024 година, во Општинската организација Неготино се спроведе Проценка на организациски капацитети (ПОКОО). Мешовит тим составен од вработени лица, членови на раководната структура и волонтери на организацијата, со помош на тројцата обучени фасилитатори поминаа низ сет на алатки меѓу кои матрица со дефинирани индикатори, студии на случај за развој на ООЦК, ПОКОО игра за развој на Општинска организација и други дополнителни со кои се подготви пристап кој е соодветен за оваа Општинска организација со сите нејзини карактеристики и специфики. Со помош на овој инструмент развиен од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, ООЦК Неготино на структуриран начин се самооцени во 34 организациски области во работењето, го препозна нивото на кое се наоѓа во контекст на овие области, утврди приоритети за развој за наредната година и подготви план со развојни активности на Општинската организација за наредните 12 месеци.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025