Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Вежба, ПОПОВА ШАПКА 2018

2018-03-07

Вежба, ПОПОВА ШАПКА 2018

Во период од 2-4 март на Попова Шапка се оддржа вежба за спасување на планина,запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор укажување на прва медицинска помош, згрижување на повредените и санирање на последиците.

Учесници на вежбата беа спасувачки тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, Црвениот Крст на Република Македонија, припадници на Федерацијата на планинарски спортови на РМ и други планинарски друштва.
Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје зеде учество со 4 лица кои зедоа учество на самата вежба а една екипа беше задолжена за презентација Прва помош за време на зимски услови.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025