Прва Помош

Кампања по прва помош – Првата помош спасува живот

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од месец мај 2022 година – март 2023 година спроведе кампања по прва помош под мотото Првата помош спасува живот наменета за младата популација на возраст од 12-18 години на територија на Република Северна Македонија.

 

Кампањата по прва помош претставува заложба и амбиција на Црвениот крст на Република Северна Македонија во подигање на свеста на младата популација за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош и промовирањe на првата помош во образовните институции. Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и зголемување на шансите за преживување во настаната состојба во која животот на поединецот или група на луѓе е во опасност.

Во рамки на кампањата  општинските организации на Црвен крст на РСМ спроведоа 736 обуки  по прва помош и едуцираа вкупно 28 206 ученици од основните и средните училишта на територија на Република Северна Македонија. На овие обуки децата имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот. 

 

ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ!!!

НАУЧИ ПРВА ПОМОШ – СПАСИ ЖИВОТ

ТВОЕТО НЕЗНАЊЕ МОЖЕ ДА ЧИНИ ЖИВОТ

  • Секој ден илјадници луѓе ги губат своите животи поради не соодветна и навремена пружена прва помош.
  • навремена реакција и соодветни мерки за укажување прва помош е витално кога се спасува човечки живот.

 

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ МОЖЕ ДА ЧИНИ ЖИВОТ                                                    

Сите луѓе поседуваат способност да научат да дадат прва помош со цел да се зачува нечиј живот. Првата помош подразбира благовремено превземање на внимателни постапки, мерки и активности со цел да се зачува животот на повредениот, да се заштити од понатамошно повредување, да се намали болката и стравот и да се спречат можните компликации

 

ЦРВЕН КРСТ НА РСМ – ЛИДЕР ВО ЕДУКАЦИЈАТА ПО ПРВА ПОМОШ

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Северна Македонија бр.302/20) Црвениот крст на РСМ е единствена овластена организација за спроведување на курсеви по прва помош за кандидати за возачи.


Со цел да обезбедиме максимален квалитет од областа на прва помош постојано ја унапредуваме дејноста преку зајакнување на капацитетите на курсна настава, соработуваме со соодветни релевантни чинители и установи во земјава и надвор, ја акредитиравме  едукацијата на предавачите и ја модернизираме опремата за изведување на наставата.

Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на  програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на предшколска возраст, ученици од основните и средните училишта,  кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, популација од руралните области итн.

Црвениот крст на Република Северна Македонија настојува првата помош да биде достапна за секого. Се стреми барем едно лице во секое семејство да има можност да ги научи вештините за укажување прва помош. Ние сме лидери во превенцијата, подготовката и одговор при различни животно загрозувачки ситуации и ги нудиме своите услуги на заедницата.

ОБУКАТА ПО ПРВА ПОМОШ Е ВРЕДНА АЛАТКА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ВИСТИНСКА КУЛТУРА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОЈА ИМА БЕНЕФИТ ЦЕЛОКУПНАТА ЗАЕДНИЦА.

 

ПРВА ПОМОШ – ХУМАНОСТ ВО АКЦИЈА!!!.

Првата помош претставува хуманост во акција, гест на солидарност, гест кој ги мобилизира луѓето и заедниците да го зачуваат и заштитат човечкиот живот.

 

Преку воспоставување на Референтен центар по прва помош, кој ќе се состои од стручни медицински лица од различни области на првата помош како што се анестезија и реанимација, ургентна медицина и трауматологија, ЦКРСМ ќе обезбеди соработка и поврзување со меѓународни организации од областа на првата помош, редовно следење и воведување на новости од областа на  првата помош и ќе има клучна улога во припрема на стручна литература и осмислување на нови курсеви по прва помош.

 

ЦКРСМ ги реализира следниве активности на редовна основа:

  • Едукација по прва помош за возачи на моторни возила.
  • Едукација по прва помош на работно место за кандидати од јавни и приватни претпријатија.
  • Организирање на курсеви за шминкери и манекени за реалистично прикажување на повреди
  • Oрганизирање на обука за прва помош за пловен објект.
  • Одбележување на Светски ден на првата помош.
  • Организирање на општински и државен натпревар по прва помош.
  • Организирање на висококвалитетна едукација за волонтерскиот кадар на Црвен крст на РСМ кој учествува во обуки и активности од областа на првата помош.
  • Континуирано делување на полето на безбедност во сообраќајот преку градење на оперативни сојузи на локално и национално ниво со владини и невладини организации.
  • Меѓународна соработка со останати национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина во областа на првата помош.
  • Учество во симулациски вежби со реалистично прикажување на повреди во соработка со други владини институции.
  • Обука за нови лиценцирани едукатори и демонстратори по прва помош, како и освежителни курсеви по прва помош на веќе лиценцирани едукатори и демонстратори по прва помош.
< врати се назад