Груевски стана волонтер на Црвен Крст
Премиерот Никола Груевски стана волонтер на Црвениот крст. Го доби и најголемото признание на организацијата – златен медат за заслуги за поддршка на хуманите акции. На светскиот ден на крводарители и 150 години од Црвен крст и црвената полумесечина, првиот човек во Владата им порача на сите граѓани дека имаат моќ со дарувањето на крв да спасат нечиј живот.
– Дарувањето крв ја носи пораката на хуманост и солидарност. Секој од нас ја има моќта да донесе одлука за да спаси нечиј живот. Секоја капка донирана крв е помош за некој кому му е потребно. Владата ја дава целосната поддршка за вакви акции, истакна Груевски.
Македонија не е во земјите каде крводарителството е на ниско ниво. Но тој број може да биде и поголем. Кампањата – Супер е да си млад, кул е да си хуман која ќе се одвива во средните училишта и факултетите, треба да поттпикне што повеќе средношколци и студенти да бидат хумани и да даруваат крв. И ракометарот Наумче Мојсовски ги повика младите да станат крводарители.
..Со мал убод од игла кој е безболен може да спасите живот. Моите колеги, соиграчи целиот тим на металург даваме безрезервна поддршка на оваа кампања, вел инаумче Мојсовски ракометар – металург
..Во Македонија постои крводарителска етика и култура, нашите сограѓани го разбираат значењето на дадената крв, но има уште многу животи кои треба да бидат спасени и затоа со една ваква акција да јас поддигнеме крводарителската хуманост, вели Андреја Арсовски директор на Ремедика
..Целта е да се постигне свеста за потребата од безбедна крв и крвни продукти што е сеуште голем предизвик во голем број на земји, вели Саит Саит секретар на Црвен Крст
Лани Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина преку крводарителни акции реализирале 54.687 крвни единици од планираните 55.000 со што во потполност ги задоволиле потребите на здравствениот систем.