2 Tetor, 2013
Чи Конг вежби во Дневниот центар за стари лица
Во рамки на двете простории на Дневниот центар за стари лица, во месец Септември започнаа да се одржуваат практични вежби по вештината Чи Конг, со г-дин Roger Doan, кој потекнува од источните култури. Вежбите се предвидени да се реализираат еднаш неделно. Чи конг претставува вештина која е дел од кинеската традиционална медицина, која во себе содржи техники за дишење, бавни движења и медитација, со цел зголемување и зајакнување на циркулацијата на енергија во телото. Со воведувањето на Чи Конг во рамки на Дневниот центар, всушност се промовира активниот пристап на живот и здравите животни навики кај лицата од трето доба.