1 Tetor, 2013

Еднодневна екскурзија – Црвен крст Прилеп

image001 (1)Црвен крст Прилеп во рамките на проектот „Подобра социјализација кај децата со посебни потреби“ поддржан од Комерцијална банка организираше еднодневна екскурзија со цел подобра меѓусебна социјализација и развивање на тимскиот дух.

На оваа екскурзија учествуваа 16 деца со посебни потреби, 4 волонтери на Црвен крст Прилеп, 5 вработени во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и претставник од Комерцијална банка филијала Прилеп. Во текот на истата децата имаа можност да се забавуваат, дружат и да учествуваат во спортски активности, како и други најразлични активности кои им ги припремаа волонтерите. Со оваа активност која со нетрпение се очекуваше се постигна поголема толеранција меѓу децата и развивање на нивните моторните способности.

Црвен крст Прилеп во континуитет ги реализира активностите од проектот „Подобра социјализација кај децата со посебни потреби“ со цел подигање на свеста во опшеството за потребата од интеграција на оваа целна група во истото.

< kthehu mbrapa