22 Tetor, 2013

ЕВН РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗУМНО ТРОШЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРИЈА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

image002Како резултат на плодната партнерска соработка помеѓу ЕВН Македонија и Црвен крст на Република Македонија, преку Црвен крст на град Скопје се имплеменентираше ЗРЗ Прграмата во општината Шуто Оризари, од кој произлезе Центарот за поддршка на млади на Црвен крст на град Скопје, како потреба на самата заедница со нивно директно учество.

На 09.10.2013 година ЕВН се вклучи и со организирање на работилница во Центарот која имаше за цел да едуцира за разумно користење на електричната енергија, на кое беа присутни жители од Шуто Оризари. Со тоа даде свој допринос во заедницата и ја збогати програмата со активности на Центарот. Присутните граѓани интерактивно се вклучија со многу прашања во отворената дискусија за предностите и начините за разумно користење на електричната енергија. Од страна на ЕВН на крај на 20-те граѓани, учесници им беа поделени маички, шолји и промотивен материјал со корисни совети за правилно користење на апаратите во домаќинството со кои би заштедиле електрична енергија.

ЕВН Македонија, е компанија која во 2012 година доби признание за „Златен поддржувач“ од Црвен крст на Република Македонија во знак на благодарност за остварената соработка и поддршка преку проекти за општествена одговорност. Оваа поддршка претставува позитивен пример за имплементација на заеднички иницијативни со компаниите во нашата република.

< kthehu mbrapa