10 Qershor, 2013

8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

8 мај, претставува Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Ден кој се одбележува во сите 188 национални друштва во чест на основололожникот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, швајцарски трговец, роден токму на 8 мај кој го иницира нејзиното формирање.

2013 година ја одбележува 150-годишнината од раѓањето на Движењето. Оваа година сите заедно славиме 150 години хуманитарна акција и континуирана важност на Црвениот крст и Црвена полумесечина, на локално и на глобално ниво, во денешниот свет коj се менува.

Со Промоција на новата поштенска марка издадена во соработка со А.Д Македонски пошти на тема „ 150 години хуманитарна акција “ во дворот на Црвен крст на РМ достојно беше одбележан 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На свеченоста свое обраќање имаа претседателот на Црвен крст на РМ Милчо Трајков кој ја истакна значајноста на волонтерската активност, единството на сите компоненти на Движењето и успесите за помош на ранливото население во изминатите 150 години хуманитарна акција, како и ја потенцираше општествената одговорност и значењето на иницијативата за издавање на доплатна марка со мотиви од Црвениот крст. Во рамките на свеченоста свое излагање имаше и  проф. д-р Владимир Ортаковски кој го истакна значењето и хумитарната акција на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст низ историјата и активитетот на Црвен крст на РМ кон промоција на Меѓународното хуманитарно право.

Во завршниот дел од свеченоста директорот за финансии и економски работи во А.Д. Македонски пошти г-дин Абдул Битичи ја промовираше поштенската марка и изрази големо задоволство од досегашната заедничка соработка.

Црвен крст на Република Македонија продолжува со одбележување на неделата на Црвениот крст 8 – 15 мај 2013 година преку организирање на повеќе настани: доделување на благодарници на крводарители, организирање на јавни настани во централните градски подрачја, работилници за проширување на знаењата за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, помош на различни целни групи, дебати, медиумски јавни настапи итн. во сите 34 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје со цел одбележување на јубилејот и истакнување на волонтерската активност.

< kthehu mbrapa