10 Korrik, 2013

Информација од одржаната работилница за Вода, санитација и здравство на младинскиот камп Атлантис IX

Во периодот од 30.06. – 07.07.2013, во Олимпискиот Центар Јахорина, се одржа по деветти пат младинскиот камп Атлантис, во организација на Центарот за соработка на Медитеранот, при Црвениот крст на Шпанија и Црвениот крст на Босна и Херцеговина. На кампот учество земаа млади од 20 држави од Медитеранот, кој во текот на траењето посетија најразлични работилница кои беа соодветни со логото на кампот, „Зачувај вода, спаси живот“.

На барање на организаторите, програмот за подготвеност и дејствување при катастрофи при Црвениот крст на Република Македонија , обезбеди еден предавач на тема Вода, санитација и здравство – младинско ниво, каде што учесниците во дводневна сесија се запознаа со поимот вода и санитација, активностите на Црвениот крст на Република Македонија кои ги имала на ова поле на национално и меѓународно ниво, и промоција на хигиена. Веќе во вториот ден од сесијата, следуваше практичен дел каде што учесниците предложуваа конкретни активности кои може да ги превземат на младинско ниво во своите национални друштва, како и како да извршат проценка на потреби за вода и санитација во рурални средини на лица кои се од различни култури со различни вредности и традиции. Покрај стекнатите вештини за вршење на процена, работилницата овозможи и подобро меѓусебно запознавање помеѓу учесниците, односно запознавање со обичаите и културите во различни земји.

< kthehu mbrapa