18 Shtator, 2013

Крводарителска и прехрамбено собирна акција во соработка со американска амбасада

usЦрвениот крст на град Скопје по петти пат организираше крводарителска акција во соработка со Американската Амбасада во Скопје. Иницијатор на акцијата беше Американската амбасада со цел одбележување на трагичниот настан од 11 септември 2001 година, а со тоа се придонесе за поттикнување на хуманоста и општествена одговорност, како кај своите вработени и волонтерите, така и кај партнерите и соработниците.

Лошото време не спречи 187 крводарители да ја покажат својата хумност и да даруваат крв. Триесетина лица и покрај хуманост и желбата  да даруваат крв, беа вратени поради незадоволителната здравствената состојба. Оваа акција претставува рекорд во досегашната заедничка соработка и поттик за наредната година. И оваа година Амбасадорот на САД во Р. Македонија г-дин Пол Волерс и генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија г-дин Саит Саити даруваа крв и со својот личен пример ја потсетија заедницата за важноста на овој хуман чин.

На настанот беа собрани и финансиски средства во износ од 40 000 денари  и прехрамбени продукти од кои понатаму ќе се подготват 300 пакети со храна за ранливо население по повод „Денот на гладта“.

< kthehu mbrapa