15 Shtator, 2013

Ликовна колонија “СТРУГА 2013”

image009Традицијата за одржување на ликовна колонија во организација на Црвен крст на град Скопје и година продолжи.
Во периодот помеѓу 21-27 Август во х. Солферино во Струга, академски ликовни уметници од Р. Македонија, Србија, Бугарија беа учесници на годинешнава ликовна колонија Струга 2013.
Организаторот (Црвен крст на град Скопје) за секој учесник обезбеди платна, бои и останати материјали потребни за творечкиот процес, а секој учесник остави во трајна сопственост на Црвен крст на град Скопје по две слики со најразлични ликовни техники и стилови кои се нивно лично обележје.
Ликовната колонија која има континуитет веќе години на ред, е одлична можност за промоција на Црвениот крст, но и можност ликовните уметници да се дружат, размена на искуства и начин за пренесување на дел од своето културно наследство. Министерство за култура на Р.Македонија ова година даде поддршка за реализација на ликовна колонија.

< kthehu mbrapa