11 Qershor, 2013

Младите во борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот „Младите во борба против трговија со луѓе“ поддржан од страна на Владата на Република Македонија од 28 до 31 март 2013 година, во Центарот за едукација на Црвениот крст во Струга одржа работилница за обука на волонтери на Црвениот крст за изведување на форум театарски претстави со поддршка на Центарот за неформално образование Рубикон како партнер на Црвениот крст на РМ во имплементација на проектот.

Форум театар е инструмент за социјална интервенција кој се користи во заедниците каде што потребата за општествена промена е голема. Форум театарот подразбира учество и директна инволвираност на сите корисници, давајќи им можност да се стигне до подобри решенија за проблемите со кои се соочуваат.

Целта на обуката е да се зацврстат капацитетите на младите волонтери од општинските организации на Црвениот крст Струмица, Струга и Дебар вклучени со проектните активности, кои стекнатите знаења и вештини ќе ги пренесат на своите врсници на еден поинаков начин преку изведување на форум театарска претстава за да ја подигнат свеста на малдата популација за заштита од трговијата со луѓе.

На волонтерите на Црвениот крст покрај обуката обебзедени им се и промотивни материјали кои ќе ги користат при имплементирање на превентивните лекции во основните и средни училишта во трите општини.

< kthehu mbrapa