
НАТО и Црвен крст на РМ во промоција на меѓународното хуманитарно право
Еднодневна работилница на тема: „НАТО и меѓународното хуманитарно право (МХП)“, се одржа на 02. Април 2013 година во организација на Евро – атлантскиoт совет на Македонија и Црвен крст на РМ.
Покрај традиционалниот дел за основите на МХП, работилницата се осврна и на предизвиците на ова право во современ контекст, особено од аспект на мировните операции и справувањето со тероризмот. Темите на работилницата беа обработени од страна на г-дин Љупчо Милковски, дисеминатор и едукатор за меѓународно хуманитарно право во Црвен крст на Република Македонија како и проф. Д-р Методи Хаџијанев од Евро-Атлантски Совет на Македонија. На обуката присуствуваа волонтери на Црвен крст на РМ кои се активни во промоција на оваа област како и членови на Младината на Евро – Атлантски Совет на Македонија.
Работилницата која беше и медиумски покриена беше дел од активностите во рамки на „НАТО неделата – обезбеди ја иднината”, а се реализира во соработка со Црвениот крст на Македонија.