8 Tetor, 2013

Недела на младите – Црвен крст Струмица

На ден 05.10.2013 Клубот на млади волонтери при Црвен крст Струмица по повод одбележувањето на Неделата на младите на Црвениот крст на поставени табли, случајните минувачи можеа да остават своја порака за хуманост и истовремено да добијат информации како устмено така и преку флаер за работата на Клубот на млади како и да донираат средства доколку сакаат. Младите имаа подготвено и свој флаер за недела на младите во кој имаше како убави цитати за младоста така и информации кои се младите на Црвен крст Струмица.

image001 (1)

Оние пак кои сакаа да станат дел од клубот можеа да се информираат за зачленувањето и обврските на клубот. Акцијата се одвиваше пред библиотеката Благој Јанков Мучето во попадневните часови каде минуваат доста млади луѓе и во период кога е најфреквентно низ кафетериите околу библиотеката. Акцијата беше проследена од локалните ТВ Медиуми како и од локалните Веб поратли.

< kthehu mbrapa