14 Tetor, 2013

Помислете и на Нас

slide15102013По повод одбележувањето на Меѓународниот Ден на гладта  – 16 октомври,  Црвениот крст на Република Македонија, на 16 октомври (среда) 2013 година во 11:00 часот во просториите на Црвен крст на Република Македонија Ве поканува на прес конференција на која официјално ќе биде промовирана кампањата и тв спотот под мотото „Помислете и на Нас“.

На прес конференцијата, по повод официјалниот почеток на кампањата и заедничката соработка ќе се обратат Генералниот секретар на Црвениот крст наРепублика Македонија г-дин Саит Саити, Министерот за труд и социјална политика г-дин Диме Спасов, Генералниот директор на МРТВ г-дин Марјан Цветковски и Генералниот директор на Македонска пошта г-дин Рафиз Алити.

Кампањата ќе се спроведува преку организирање на собирни акции од страна на општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје ворамките на неделата од 16 до 22 октомври 2013 година во соработка со образовно-воспитните институции, поддршка од компании и граѓани, како и во соработка со здруженија на граѓани. Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливото население.

По тој повод Ве покануваме заедно да ја поддржиме оваа кампања.

< kthehu mbrapa