Посета на делегација од Црвениот крст на Р. Германија – Црвен крст на град Скопје
Како дел од меѓународната соработка која Црвениот крст на Р. Македонија ја остварува со други национални друштва и организации, во периодот од 24-25 Септември, реализирана беше посета од претставници на Црвениот крст на Р. Германија, регионална област горна и средна Франконија.
Гостите од Црвениот крст на градот Нинберг, во текот на посетата имаа можност да ја посетат Црвен крст Чаир и реализацијата на проектот “Да живееме заедно”. Посетено беше и Националното друштво каде се оствари средба со Генералниот секретар на Црвен крст на РМ и претставници од Црвен крст Прилеп, Струга и Охрид. Исто така посетена беше градската организација на Црвен крст на град Скопје, а во текот на нивниот престој подготвена беше презентација за работата на Црвениот крст на град Скопје и одделите на дејствување.
Преку овие средби, одиме чекор понапред во остварување на соработка, го прошируваме опсегот на нашето дејствување со тенденција да стигнеме до што поголем број корисници и целни групи, да помогнеме и бидеме поддршка во општеството. Со тоа работиме и на промовирање на Црвениот крст како организација која има значајно место во нашата држава па и пошироко, како и зголемување на имиџот на организацијата кај нас и на меѓународен план.