Секогаш спремни да се помогне – Црвен крст Велес
Секцијата на жени при СВР МВР од Велес во низата на активности (акција за крводарување, акција за собирање средства за лекување на Маја Керова, предавања од областа на здравствено – превентивната дејност и др.) ја додаде и акцијата за собирање на облека, обувки, постелнина, играчки и друго.
Акцијата имаше за цел да се соберат што е можно повеќе облека и обувки кои потоа беа превземани од страна на Општинската организација на Црвениот крст и доделени за социјални случаеви. Со вклучување во активностите на Црвениот крст, а секако и други активности за добробит на заедницата, институцијата се вбројува во редот на организации кои ја иницираат и мотивираат хуманоста кај себе и другите граѓани, со што се вбројуваат во редот на општествено одговорни компании.