Заедничка соработка со Алфа банка
Црвениот крст на Република Македонија заедно со Алфа Банка АД Скопје на 2 јуни 2013 година официјално го означија почетокот на употреба на 6 контејнери за донирање на облека и 15 каси за донирање на парични средства поставени на повеќе јавни места во град Скопје.
Оваа активност чија цел е да се обезбеди ефективна материјална помош за најзагрозените преку поттикнување на општествената одговорност кај граѓаните се имплементира со поддршка на Алфа банка кои на овој начин го одбележуваат Волонтерскиот ден на ниво на целата групација.
Обезбедувањето на облека е традиционална активност на Црвениот крст која се имплементира во текот на целата година. Поставувањето на контејнерите претставува нов пристап на донирање на облеката и граѓаните ќе можат да ја донираат истата во секое време кое е погодно за нив. Соглано собраната количина на облека, контејнерите ќе се празнат и истата ќе се складира, селектира и доделува на ранливо население кое има таков вид на потреба.
На настанот присуствуваа директорот на Алфа Банка, г-ѓа Милена Перчинкова, генералниот секретар на Црвен крст на Р.Македонија, г-дин Саит Саити и секретарот на Црвен крст на град Скопје, г-ѓа Сузана Тунева Пауновска