ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на проектот
,,Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители’’, поддржан од Европската унија, претставена преку Европската комисија, објавува повици за прибирање на понуди:
- Набавка на услуги и договор за соработка со надворешен ентитет од ИТ експертизата за креирање на техничко решение ( мониторинг софтвер) на сервисот на Итно копче.
архивски број 0507-731/1
Целиот оглас може да го најдете на следниот линк на (pdf).
- Набавка и испорака на 60 мониторинг аларм уреди за сервис Итно копче
Архивски број 0507-733/1
Целиот оглас може да го најдете на следниот линк на (pdf).
Документацијата која се поднесува во оригинална верзија треба да е заверена од понудувачот со печат и со потпис на одговорното лице и целосна и точна адреса во затворен плик.
Истата се адресира на ЦКРСМ-Архива, на бул. Кочо Рацин бр. 13, 1000 Скопје, со назнака НЕ ОТВАРАЈ со точно наведениот архивски број.
Рок за доставување на понуди: 29.07.2021 (16.00h)
#InCARE-Europe #EaSI #LongTermCare