Нашата приказна

Младите од Црвениот крст на Република Северна Македонија се ентузијастични, амбициозни и посветени млади кои своите капацитети, знаења, спобоности и слободно време ги инвестираат во насока на исполнување на мисијата на организацијата и да помогнат на оној на кој тоа му е најпотребно.

Како сме организирани?

Нашето делување е организирано на национално и локално ниво. Во рамките на секоја општинска организација на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, младите се организираат во Клубови на млади, додека на национално ниво претставници од сите клубови на млади го сочинуваат Советот на млади како највисок орган на Младите на Црвен крст на Република Северна Македонија.

На територија на Република Северна Македонија дејствуваат 34 клубови на млади, во чии рамки на дејствување заклучно со 31.12.2021 година во 33 клуба на млади регистирирани се активни 1956 млади волонтери. Сите 34 клубови на млади функционираат согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РСМ и Статутите во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје. Покрај тоа, секој клуб на млади поседува свое Упатство за организирање кое го опишува начинот на организирање кој се разликува зависно од потребите на клубот.

Во некои клубови на млади постои разгранетост на помали организациони форми заради обемната територијална покриеност во училишта или месни заедници (училишни клубови за едукација и превенција), а пак некаде има и ограноци на клубовите организирани за дејствување во одредени програми (Клуб 25 или клуб на млади крводарители).

Кој може да биде волонтер во редовите на млади?

Секоја личност на возраст до 30 години без разлика на националноста, верска припадност, образвониот профил, професијата затоа што ние делуваме под принципот на непристрасност. Се што треба да направите е на мапата која може да ја најдете на ова страна да ја побарате најблиската канцеларија на Црвен крст или пак да пополните електронска пријава во делот “СТАНИ ВОЛОНТЕР”.

< врати се назад