Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СОЦИЈАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ СЕРВИСИ НА ЦКРСМ

2021-02-11

СОЦИЈАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ СЕРВИСИ НА ЦКРСМ

СЕРВИСИ НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЗА ИСПОРАКА НА СОЦИЈАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

                                               

 

УСЛУГА ЗА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита,  преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен вид на возраст од 18 до 65 години во нивно осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби. Услугата за лична асистенција има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

 

Личната асистенцијата како услуга е прилагодена на личните и поединечни потреби  на корисникот, кој  одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.

Црвениот крст на Република Северна Македонија  е лиценциран од страна на Министерството за труд и социјална политика како сервис провајдер за испорака на услуги за лична асистенција на лица со попреченост. Услугите на локално ниво се реализираат во соработка и со поддршка на центрите за социјална работа. Услугите за лична асистенција се испорачуваат преку:

  1. Црвениот крст на град Скопје
  2. Општинска организација на Црвен крст на Струмица
  3. Општинска организација на Црвен крст на Битола
  4. Општинска организација на Црвен крст на Неготино
  5. Општинска организација на Црвен крст на Струга
  6. Општинска организација на Црвен крст на Гостивар
  7. Општинска организација на Црвен крст на Велес

Испорачатели на услуга: Услугата за лична асистенција на лица со попреченост се испорачува од страна на сертифицирани лични асистенти, стекнати преку верификувана посебна програма за обука за личен асистент на лица со попрченост.

Корисници на услуги: Лица со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид на возраст од 18 до 65 години.

Услуги кои се испорачуваат: Услугата лична асистенција се испорачува за обезбедување на индивидуална помош и поддршка:

  • во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот во домот на корисникот;

 

  • на работно место, образовна установа, центар за рехабилитација, центар за професионална рехабилитација и други места каде се реализираат активности поврзани со извршување работни задачи, образование и работно оспособување на корисникот;

 

  • во зедницата, и
  • други активности од интерес на лицето.

Информации за услугата: За улугата лична асистенција на лица со попреченост можат да  се добијат повеќе информации на следните маил адреси и телефони:

  1. Црвен крст на град Скопје

Маил: skopje.asistenti@redcross.org.mk – тел: 078 293 290/078 859 499

  1. Општинска организација на Црвен крст на Струмица

Маил: strumica@redcross.org.mk – тел: 034325-601

 

  1. Општинска организација на Црвен крст на Битола

Маил: bitola@redcross.org.mk – тел: 047236-019

 

  1. Општинска организација на Црвен крст на Неготино

Маил: negotino@redcross.org.mk – тел: 043361-657

 

  1. Општинска организација на Црвен крст на Гостивар

Маил: gostivar@redcross.org.mk – тел: 042216-488

 

  1. Општинска организација на Црвен крст на Струга

Маил: struga@redcross.org.mk – тел: 046786-014

 

  1. Општинска организација на Црвен крст на Велес

Маил: veles@redcross.org.mk – тел: 043231-537

 

  1. Општинска организација на Црвен крст Куманово

Маил: kumanovo@redcross.org.mk – тел: 031424-179

УСЛУГА ЗА ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА

 

Нега Центар

НЕГА ЦЕНТАР е сервис за домашна нега и грижа на стари и немоќни лица од страна на сертифицирани и професионални негуватели, за секој оној кој не  е во можност да се грижи и функционира самостојно, но не сака да биде сместен во институција, туку сака грижата да ја добива во удобноста на својот дом.

Нега Центар континуирано работи на подигање на свеста за потребата од професионална и квалитетна домашна нега, која ја пружаат сертифицирани негуватели и постојано работи на надградување на капацитетите на негувателите кои работат на терен преку обуки, работилници, средби за размена на искуства и студиски посети.

Во широкиот спектар на услуги за нега се вкучени основни и дополнителни услуги, а за секој корисник се подготвува посебен пакет услуги во зависност од индивидуалните барања и потреби. По проценка на тимот и во договор со корисникот се доделува соодветен негувател, кој претходно се запознава на дополнителна средба. 

Информации за услугата: Услугата за помош и нага на стари и немоќни лица се испорачува преку Црвениот крст на град Скопје. Повеќе информации за услугата можат да  се добијат на следниот маил и телефон:

skopje.negacentar@redcross.org.mk  

Телефон: 070352-246

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025