Стани Волонтер

Станете волонтер на Црвениот крст

Вашето време и компетенции може да направат вистинска разлика во животот на луѓето.

 

Во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина има над 13 милиони активни волонтери кои обезбедуваат помош и поддршка за околу 150 милиони луѓе на годишна основа.

 

90% од ангажираните лица во Црвениот крст во светот се волонтери

 

Сакате да волонтирате?

 

Волонтер на Црвен крст на РСМ е лице е лице кое извршува волонтерски активности за национално друштво, повремено или редовно. Волонтирањето во Црвениот крст е активност која е мотивирана од слободната желба на лицето за волонтирање, а не од желба за материјална или финансиска добивка или надворешен социјален, економски или политички притисок и е наменета во корист на ранливо население во заедниците согласно со Основните принципина Црвен крст и Црвена полумесечина.

Каде може да волонтирате?

 

Во секоја од 33-те општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје постојат одговорни лица за координирање и организирање на работата на волонтерите на локално ниво. Работата на волонтерите е организирана согласно со интересот и компетенциите на волонтерите и програмските и проектните активности кои ги реализира секоја организација на Црвен крст на локално ниво.

 

Како ги подготвуваме нашите волонтери?

 

Пред ангажирање то на волонтерот во активности на Црвениот крст, поединецот поминува низ соодветна ориентациска обука при што се запознава со организацијата на Црвениот крст, задачите и активностите кои се имплементираат на национално и локално ниво.

Волонтерот добива соодветна опрема и униформа со јасен опис на задолженија, времетраење на ангажман и се запознава со правата и обврки за време на волонтерскиот ангажман.

 

Волонтирањето е можност поединците да бидат дел од една поширока социјална групација во заедницата и да изградат нови пријателства, соработка и дружење.

 

За време на волонтерската работа поединецот има можност за личен развој и надградба, на професионален и личен план. Волонтерите имаат можности за учење и учество на специјализирани обуки во различни области организирани од Црвениот крст на локално, национално и меѓународно ниво.

 

Ориентациски курс за нови волонтери

 

Запознајте се подетално со историјата, мисијата, визијата и вредностите на Црвениот крст низ нашата ориентациска презентација. Ќе се запознаете со Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина, нашите амблеми и програмите на Црвениот крст на РСМ во кои може да волонтирате.

 

Презентација за волонтирање во Црвен крст на РСМ

 

 

 

 

Брошура за волонтери и членови

 

Во брошурата за волонтери и членови на Црвениот крст на РСМ може подетално да се запознаете со историјата, мандатот и работата на Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвена полумесечина, особено за програмите на Црвениот крст на РСМ и можностите за волонтирање во нашите програми на национално и локално ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

Пристапница за волонтирање во Црвен крст на РСМ

 

 

 

 

 

 

Сакате да ни помогнете да направиме разлика? 

 

Дали тоа што го прочитавте ве инспирира да направите нешто?  Ако е така, тогаш приклучете се на Црвениот крст на РСМ и бидете дел од најголемото хуманитарно движење.

Зачленете се во Црвениот крст на РСМ. Станете наш волонтер.

На нашата интернет страница:redcross.org.mk, прочитајте повеќе што работиме. Приклучете ни се!

 

 

Пополнете ја пријавата и станете дел од големото хумано семјство на Црвен крст на Република Северна Македонија:

    Вашето име (задолжително)

    Вашето презиме (задолжително)

    Вашиот Email (задолжително)

    Општина

    Вашата порака (задолжително)

    < врати се назад