октомври 12, 2023

СООПШТЕНИЕ/ПОКАНА за симулациска вежба на 18 октомври Црвен крст на Република Северна Македонија

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 18 октомври 2023 година во 11:00 часот, во Скопје ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес. Вежбата за управување со последици носи наслов „Хуманитарен одговор 2023 и се организира како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот. Покровител на вежбата ќе биде претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

 

Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија во координираниот пристап за одговор при кризни состојби. Дополнителни цели се:

-Промовирање на Националниот тим за прва помош на Црвениот крст на РСМ;

-Промовирање на систем  за испорака на психо-социјална поддршка на ЦКРСМ,

-Промовирање на систем за координацијата на невладините организации и граѓанското општество во случај на катастрофи и кризни состојби;

Подобрување на координација и комуникација на сите чинители за кризен менаџмент во државата.

Локации на вежбата се-Градски парк Скопје (фонтана), Куќа на Боемска улица и хотел City Park, Такси станицата кај Фонтаната во Градски парк, Мостот на р.Вардар во близина на болницата Систина, Стадионот на АРСМ, Стадион Тодор Проески и шаторската населба во Градскиот парк.

Учесници на вежбата се: Црвениот Крст на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, за здравство, за труд и социјална политика, за одбрана, за надворешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Северна Македонија, Итна медицинска помош, Македонска радио телевизија- медиумско информирање за кризната состојба, Противпожарната територијална единица, Комора на психолози, Агенција за храна и ветерина, Црвениот крст на град Скопје, Општински организации на Црвениот крст, Тимови на Национални друштва на Црвен крст од регионот (Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Италија и Германија), претставници на универзитетите во Република Северна Македонија (УКИМ, УГД, УКЛО), независни експерти од областа, различни тела од Системот за управување со кризи, на локално и регионално рамниште.

 

Се очекува учество на повеќе од 500 лица, 2 хеликоптери и 40 возила! Дел од пристапните улици во и кон Градскиот парк Скопје за време на вежбата ќе бидат затворени во времетраење од три часа, а паркингот пред хотелот City Park ќе биде со намалена функција.

 

Ги покануваме медиумите да ја проследат вежбата и да добијат изјава од страна на претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија г-дин Саит Саити.

 

Важно е да нагласиме дека пристапот до локацијата на вежбата ќе биде затворен од страна на полицијата и од таа причина треба да пристигнете до 10.45 на локацијата Градски парк-Фонтана.

 

Им благодариме на граѓаните и медиумите за разбирањето, подршката и солидарноста!

 

Со почит,

 

Односи со јавноста

Црвен крст на Република Северна Македонија

< врати се назад