За спроведување на истражување на пазарот во Скопје и Дојран
Црвениот Крст на Република Северна Македонија објавува повик за ангажирање на експерт за подготовка на студии на истражување на пазарот во Скопје и Дојран за Социјално-медицински центри, за потребите на проектот ,, Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ’’- проект поддржан од деловно партнерство на ЦКРСМ и Австриска Агенција за Развој, Австриски Црвен Крст и Швајцарски Црвен Крст.
Целиот оглас може да го пронајдете на следниот линк. (pdf)
Заинтересираните кандидати, најдоцна до 28.02.2021 до 16:00 часот , потребно е да аплицираат:
Електронски на следната е-адреса: komisijazanabavki@redcross.org.mk со назнака Повик за ангажирање на експерт за истражување на пазарот.
Избраните кандидати ќе бидат известени, по електронски пат, најдоцна 3 дена по изборот на експерт за спроведување на истражување на пазарот во Скопје и Дојран.