23 години Црвен крст на РМ рамноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина
Да се потсетиме на овој ден кога во 1995 година Црвениот крст на Република Македонија стана рамноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Црвениот крст на Република Македонија 23 години бележи значајни достигнувања во својот развој, надградба на капацитети, реформи во правна рамка, програмска и проектна соработка со домашни и меѓународни организации, за што е добитник на многу признанија и награди како и со сертификат за силно национално друштво. Соочен со многу предизвици во изминатиот период кои ги надмина со преземање на итни и конкретни мерки, успеа да одговори на истите за што говори домашната и меѓународната јавност.
Со овој мал текст само во дел се навративме за да не го заборавиме минатото а да чекориме кон иднината која е позната и непозната со настани и состојби.