30-ти Државен натпревар по прва помош
Црвениот крст на РСМ пот покровителство на министерството за образование и наука на 21.09.2024 година во паркот на Ѓорче Петров-Скопје го одржи 30-от Државен натпревар по прва помош чиј домаќин беше Општинската организација на Црвен крст Карпош.
На натпреварот учествуваа 12 екипи од 12 општински организации на Црвен крст од основни и средни училишта од различни градови , кои се натпреваруваа во прва помош. Овие активности имаат за цел да ја зголемат свеста за важноста од прва помош и да ги обучат младите во вештини кои можат да спасат животи.
На настанот се обратија генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу.
Пред Трговскиот Центар KAM MALL беа поставени промотивни штандови и показни вежби за прва помош и услугите кои ги спроведува Црвениот крст наменети за возраснта популација како што се Итно копче, Наменски транспор, Центар за метално здравје, како и бесплатно и мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.
Победник на овогодинешниот Државен натпревар по прва помош е екипата на ООЦК Битола, второпласирана е екипата на ООЦК Куманово а третото место им припадна на екипата на ООЦК Радовиш.