април 18, 2019

BO СЕЌАВАЊЕ

По кратко боледување денес на 18.04.2019 година на 65 годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија Д-р. Милчо Трајков.

Милчо Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија  од 2008 до 2017 година. Како долгогодишен волонтер од 80-тите години активно беше вклучен во акциите и активностите кој ги организираше Црвениот крст, пред се во делот на здравствено –  превентивни активности.

Смртта го затекна на функцијата претседател на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес. Волонтерите и вработените на ЦКРМ ќе се сеќаваат на неговиот лик и дело.

Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи Комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во Црквата Свети Пантелејмон гробиштата во Велес во 13:00.

Нека му е вечна слава!

< врати се назад