Црвен крст на РСМ – Црвен крст на град Скопје објавува: Оглас за хонорарен ангажман
Ангажманот е во рамките на проектот : ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ,, поддржан од Австриската Агенција за Развој, Австриски Црвен крст, Црвен крст на РСМ и Швајцарски Црвен крст.
Црвениот крст е во потрага по вработени лица чија главна одговорност ќе биде пилотирање на сервисот Итно Копче (ИК) на територија на градот Скопје, наменет за 60 постари мажи и жени кои ќе бидат избрани како корисници за новововедената услуга.
Итното копче ќе претставува 24/7 услуга, која корисниците од постарата популација ќе може да ја користат во своите домови, преку притискање на аларм уредот, предвиден да го носат на себе, секогаш кога ќе се најдат во состојба која што не е животозагрозувачка, но е доволно сериозна и има потреба од итност, прва помош и поддршка ( повреда, скршеници на екстремитети, случаен пад, крварење на рана, повреди при изгореници, итни медицински состојби, алергиски реакции и сл.). Преку уредите ќе бидат во можност да стапат во комуникација со Операторите од Контакт центарот, со што ќе добијат брз и ефикасен пристап до соодветна поддршка и помош, од страна на стручни лица и Спасители при Итен Случај на ЦКРСМ. ЦКРСМ ќе воспостави ефикасна услуга за Итно Копче и истата е инспирирана од австриските и швајцарските искуства за ефикасно работење на услугите за грижа на постарото население
Рок за аплицирање: до 08.04.2022
Хонорарниот ангажман предвидува 40 работни часа во неделата за период од 18 месеци. Предвидениот хонорарен ангажман е од 27.000 до 30.750 денари бруто, месечно во зависност од позицијата.
Локација: Оперативен Центар на ЦКРСМ – ( Контакт Центар Итно копче) кој се наоѓа во Момин Поток бб.
Профил, работни задачи и квалификации:
1) Назив на работното место: Возач/работа во 3 смени – 24/7 (1 позиција)
Работни задачи:
– Следење на насоки зададени од страна на проектниот координатор
– Тековна работа во софтверските апликации наменети за оваа услуга
– Постојана комуникација со корисници преку телефонска централа
– Управување со возило за итни случаи и обезбедување на транспорт (спасители,корисник до болница)
– Поддршка на спасител при итен случај во случај на вонредна состојба
– Извршува транспорт до домовите на корисниците за инсталација на потребната опрема за функционирање на сервисот.
– Документира и пополнува дневник на возилото со километража, гориво и поминати часови.
– Секојдневна грижа за состојбата и хигиената на назначеното возило за управување
– Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
– Диплома за завршено средно медицинско образование или висока школа за медицински сестри и/или напредна обука за прва помош;
– Способност за работа во 3 смени;
– Способности за планирање и организација;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
– Користење на софтвер со претходно обезбедена обука;
– Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
– Возачка дозвола Б категорија
2) Назив на работното место: Животоспасувач – работа во 3 смени – 24/7 (1 позиција)
Работни задачи:
– Следење на насоки зададени од страна на проектниот координатор
– Теренски активности во итни случаи
– Тековна работа во софтверски апликации наменети за оваа услуга
– Постојана комуникација со корисници преку телефонска централа
– Константна комуникација и дојава до центарот за Итно копче во согласност со постоечките насоки
– Пристигнување на местото на итен случај самостојно и со опрема
– Проценка на корисникот и третман според принципите за работа
– Водење и подготовка на потребна документација
– Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
– Диплома за завршено средно медицинско образование или висока школа за медицински сестри и/или напредна обука за прва помош;
– Способност за работа во 3 смени;
– Способности за планирање и организација;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
– Користење на софтвер со претходно обезбедена обука;
– Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
– Возачка дозвола Б категорија
3) Назив на работното место: Телефонски оператор- работа во 3 смени – 24/7 (2 позиции)
Работни задачи:
– Следење на насоки зададени од проектниот координатор
– Теренски активности по потреба
– Тековна работа во софтверски апликации наменети за оваа услуга
– Обезбедување на поддршка за корисници
– Превземање на итниот повик и основна проценка по телефон (доколку е возможно)
– Креирање на задача во системот за корисници и давање забелешки и насоки до спасителот при итен случај
– Алармирање кај спасители, медицински професионалци и други медицински установи (Брза помош) , доколку е потребно
– Обезбедување дополнителна поддршка на спасителите при итен случај и е контакт лице за сите спасители
– Водење и подготвка на потребна документација
– Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
– Диплома за завршено средно образование
– Способност за работа во 3 смени;
– Способности за планирање и организација;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
– Користење на софтвер со претходно обезбедена обука;
– Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
– Возачка дозвола Б категорија
Инструкции за аплицирање:
Најдоцна до 08.04.2022 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– Детална биографија на skopje.proekti@redcross.org.mk со назнака за работната позиција за која аплицира.
Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на индивидуално интервју, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.