Црвен крст на РСМ – Црвен крст на град Скопје објавува: Оглас за вработување
Ангажманот е во рамките на проектот „„Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE) “, поддржан од Европската комисијa.
Црвениот крст е во потрага по вработени лица чија главна одговорност ќе биде пилотирање на сервисот Итно Копче (ИК) на територија на градот Скопје, наменет за 50 постари мажи и жени кои ќе бидат избрани како корисници за новововедената услуга.
Итното копче ќе претставува 24/7 услуга, која корисниците од постарата популација ќе може да ја користат во своите домови, преку притискање на аларм уредот, предвиден да го носат на себе, секогаш кога ќе се најдат во состојба која што не е животозагрозувачка, но е доволно сериозна и има потреба од итност, прва помош и поддршка ( повреда, скршеници на екстремитети, случаен пад, крварење на рана, повреди при изгореници, итни медицински состојби, алергиски реакции и сл.). Преку уредите ќе бидат во можност да стапат во комуникација со Операторите од Контакт центарот, со што ќе добијат брз и ефикасен пристап до соодветна поддршка и помош, од страна на стручни лица и Спасители при Итен Случај на ЦКРСМ. ЦКРСМ ќе воспостави ефикасна услуга за Итно Копче и истата е инспирирана од австриските и швајцарските искуства за ефикасно работење на услугите за грижа на постарото население
Рок за аплицирање: до 07.03.2022
Профил, работни задачи и квалификации:
- Назив на работното место: Проектен службеник – 08.00- 16.00 (понеделник-петок)
Работни задачи:
- Следење на насоки на Менаџер на ИК и навремено известување
- Подготовка на распоред за работа во смени заедно со психолог/мед.сестра и мониторирање на работни процеси
- Подготовка на извештаи од спроведени активности и редовно присуство на состаноци со донатор
- Архивирање на документација
- Подготовка на дневни извештаи за работа
- Следење на работата на членовите на тимот
- Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
- Комуникација со клиенти во однос на услугата
- Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
- Универзитетска диплома по правни, економски или општествени науки (социјална економија, бизнис администрација, менаџирање со човечки ресурси, менаџмент или сродна област)
- Претприемничко размислување и етика на работа;
- Способности за планирање и организација;
- Течно говорење на македонскиот и англискиот јазик;
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи и координирање на работни процеси;
Искуство во работа со/во невладин сектор и проекти ќе се смета за предност.
- Назив на работното место: Психолог/медицинска сестра – работа во 2 смени 08.00- 16.00 / 14.00- 20.00 (понеделник-петок)
Работни задачи:
- Следење на насоки на Менаџер на ИК и навремено известување
- Подготовка на распоред за работа во смени заедно со проектен службеник и мониторирање на работни процеси
- Потпишување на договори со корисници и организирање на инсталација на уреди
- Водење на евиденција за здравствена состојба на корисник и нејзино тековно ажурирање
- Теренски активности и проценки во дом кај корисник
- Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
- Комуникација со клиенти
- Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
- Универзитетска диплома по психологија или средно медицинско образование (отсек мед.сестра) или висока школа за медицински сестри;
- Работа во тим и етика на работа;
- Способности за планирање и организација;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
Искуство во работа со/во невладин сектор и стари лица и лица со попреченост ќе се смета за предност.
- Назив на работното место: Социјален работник 00- 16.00 (пон-петок)
Работни задачи:
- Следење на насоки на Менаџер на ИК и навремено известување
- Теренски активности и проценки во дом кај корисник
- Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
- Промоција на услугата кај потенцијални клиенти
- Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
- Универзитетска диплома по социјална работа и социјална политика;
- Работа во тим и етика на работа;
- Способности за планирање и организација;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
Искуство во работа со/во невладин сектор и стари лица и лица со попреченост ќе се смета за предност.
- Назив на работното место: Животоспасувач (медицинска сестра)- пола работно време, работа во 3 смени – 24/7
Работни задачи:
- Следење на насоки на Проектен службеник
- Теренски активности во итни случаи
- Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
- Обезбедува поддршка за корисници
- Го презема итниот повик и прави основна проценка по телефон (доколку е возможно)
- Креира задача во системот за корисници и дава забелешки и насоки до спасителот при итен случај
- Алармира кај спасители, медицински професионалци и други медицински установи (Брза помош) , доколку е потребно
- Обезбедува дополнителна поддршка на спасителите при итен случај и е контакт точка за сите спасители
- Води документација
- Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
- Диплома за завршено средно медицинско образование или висока школа за медицински сестри и/или напредна обука за прва помош;
- Способност за работа во 3 смени;
- Способности за планирање и организација;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Користење на софтвер со претходно обезбедена обука;
- Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.
- Назив на работното место: Телефонски оператор- работа во 3 смени – 24/7
Работни задачи:
- Следење на насоки на Проектен службеник
- Теренски активности по потреба
- Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
- Обезбедува поддршка за корисници
- Го презема итниот повик и прави основна проценка по телефон (доколку е возможно)
- Креира задача во системот за корисници и дава забелешки и насоки до спасителот при итен случај
- Алармира кај спасители, медицински професионалци и други медицински установи (Брза помош) , доколку е потребно
- Обезбедува дополнителна поддршка на спасителите при итен случај и е контакт точка за сите спасители
- Води документација
- Други обврски согласно проектните активности
Квалификации:
- Диплома за завршено средно образование
- Способност за работа во 3 смени;
- Способности за планирање и организација;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Користење на софтвер со претходно обезбедена обука;
- Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост
- Ангажманот предвидува потпишување договор за работа до 11.2023 година.
Инструкции за аплицирање:
Најдоцна до 07.03 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– Детална биографија на skopje.proekti@redcross.org.mk со назнака за работната позиција за која аплицира
Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на индивидуално интервју, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.