февруари 14, 2018

Црвениот крст со помош за 37 годишниот Дуле Трајковски

37 годишниот Дуле Трајковски од Долно Соње ќе започне нов живот, далеку подостоинствен и посреќен од сегашниот. Откако неговите маки беа објавени во сторијата на ТВ 24 реагираа надлежните институции. А утринава пак, пристигнаа и првите пакети со храна, облека и средства за лична хигиена. Дуле го посетија волонтерите на Црвен крст и му доделија пакети со потребни намирници.

„Проценивме дека наитно му е потребно, пакети со конзервирана храна, душеци, јакна,  обувка, облека, кебиња.“ – вели Ивана Ѓоргевиќ – волонтер на Црвен крст.

Овој млад човек е среќен и задоволен што институциите не останале глуви за него. Исто така беше изненаден и од одзивот на хуманите граѓани. Со финанскиски и друг вид на средства, тие сакаат да му помогнат да ја реновира скромната куќа и да го исчисти дворот.

„Задоволен сум.“ – вели Дуле Трајковски-социјален случај.

„Се јавија некои граѓани и спонзори да му донесат мебел и кровот да се поправи“ – вели Борче Трајковски-чичко на Дуле.

По првичната помош, од Црвен крст најавија дека ќе продолжат да му помагаат на Дуле и во наредниот период, со цел тој да го врати својот живот во нормала.

„Во наредниот период ќе работиме на негово сместување и планираме чистење и средување на неговиот дом и менторство кога ќе го вратиме во домот, кога ќе се среди.“ – изјави Сузана Тунева Пауновска- секретар на Црвен крст на град Скопје.

Тажната приказна на младиот Дуле ќе заврши со среќен крај. Тој повеќе нема да гладува, а ќе стане и редовен корисник на социјална помош.

< врати се назад