ноември 30, 2018

Д-Р САИТ САИТИ ИМЕНУВАН НА ФУНКЦИЈАТА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА МАНДАТЕН ПЕРИОД 2018-2022

Раководниот одбор на Црвениот крст на РМ на својата седница од 28.11.2018 година го именува д-р Саит Саит на функцијата Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија за мандатен период 2018-2022.

Д-р Саит Саити дипломирал на Факултетот за безбедност, магистрирал на Факултетот за политички науки, дипломатија и новинарство и докторирал на Факултетот за безбедност.

Д-р Саит Саити учествувал на меѓународни конференции и советувања во земјата и странство, има завршено поголем број на обуки, има изработено  научни трудови од областа на здравствениот менаџмент, кризниот менаџмент и меѓународното хуманитарно право.

Д-р Саит Саити е на функцијата Генерален секретар на Црвен крст на РМ од 2008 година, долгогодишен активист на Црвениот крст на Република Македонија и  член од 1981 година. Од 2000 до 2008 година беше потпретседател на Црвен крст на Република Македонија и претседател на Црвен крст на град Скопје.

Од досегашното работење како Генерален секретар има постигнато значајни резултати во развојот на Организацијата со реализација на поголем број на проекти, внесено иновативност во работењето и надградба на капацитети на сите нивоа на организациона поставеност. Во неговиот мандат е спроведен процесот на сертификација и добиен сертификат за силно национално друштво во рамки на МФЦКЦП.

< врати се назад