октомври 30, 2018

Дисеминациска сесиja за студентите од МИТ Универзитетот

Согласно потпишаниот меморандум за соработка на Црвениот крст на Република Македонија со МИТ Универзитетот, Црвениот крст на Република Македонија на 30 октомври 2018 година одржa дисеминациска сесија за студентите од МИТ Универзитетот за промовирање на работата на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, националното друштво, почитување на меѓународното хуманитарно право и улогата и можностите за соработка.

Дисеминациската сесија пред студентите опфати повеќе поглавја од работата на Движењето и МХП, како на пример краток осврт на историјата на Движењето, основните принципи, амблемите на Движењето и нивната показна и заштитна улога, Женевските Конвенции од 1949 година и Дополнителните Протоколи кон Женевските Конвенции од 1977 и 2006 година, програмските области на дејствување на Црвениот крст на Република Македонија како и искуствата на Црвениот крст на Република Македонија од активностите за време на катастрофите и вонредните состојби во Република Македонија и соседството во последната деценија.

Посебен акцент се стави на подобро запознавање на студентите со местото и улогата на Црвениот крст на Република Македонија при вонредни состојби како и тековните програми и проекти на националното друштво. Дисеминациската сесија беше пропратено и со видео содржина „Правила на војување“ кое ги истакнува основните елементи на Меѓународното хуманитарно право и улогата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина за време на вооружени судири.

 

< врати се назад