Доделување на сертификати за успешно завршена обука за негуватели на стари лица и лица со попреченост и дополнителен настан за нивна промоција на пазарот на труд.
На 01.04.2021, во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, беа доделени Сертификати за Негуватели на стари лица и лица со попреченост.
Обуката за 15те негуватели беше реализирана во рамките на проектот за ублажување и надминување на економските и психолошки последици предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, поддржана од компанијата Business & Strategies in Europe – B&S in Europe.
Со успешното доделување на сертификатите од страна на Црвениот крст на РСМ и B&S in Europe, а со цел нивна промоција и поефикасно интегрирање на пазарот на труд, на 02.04.2021 беше организиран и дополнител виртуелен настан преку платформата зоом.
На настанот беа претставени 15те ново-обучените негуватели, како и беа претставени услугите кои што ги развива Црвениот крст во делот на негата и помош на старите лица.
На настанот учество завземаа и претставници- работодавачи од Центрите и Домови за сместување, грижа и подобрување на квалитетот на живеење на лицата од трета доба.