Донација на компанијата НОВАРТИС
На 14 октомври 2016 годна во просториите на Црвениот крст на РМ беше организиран настан за официјално предавање на донацијата од компанијата НОВАРТИС во износ од 82.000 евра во денарска против вредност од 5.039.720 денари, наменета за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Скопје и Тетово. Официјалното примопредавање на донацијата се изврши од страна на д-р Јасминка Талеска, директор на претставништво на Новартис во Скопје и д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на РМ. На настанот присуствуваше и д-р Стамен Попов – регионален директор за Новартис Онкологија за Бугарија и Македонија.
Од страна на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ беше изразена голема благодарност на компанијата Новартис за донираните средства за помош на семејствата настрадани од поплавените подрачја. Од страна на Црвениот крст на РМ извршена е уплата на помошта на вкупно 202 семејства од поплавените подрачја, како и на 100 лица со посебни потреби од поплавените подрачја. Во текот на месец декември ќе биде исплатена втората помош наменета за 100 лица со посебни потреби.