Донирај облека

Една од основните активности на Црвениот крст е прием на донации во облека и дистрибуцијата на истата до оние на кои им е најпотребна. Оваа активност со голем интензитет започна да се унапредува и развива во 2013 година, преку поставување на 8 контејнери за донирање на облека на повеќе локации низ градот Скопје.

На годишно ниво се собираат повеќе од 4 тони облека кои во континуитет се селектираат од страна на волонтери и жени од социјално загрозени семејства, а потоа се дистрибуираат до крајните корисници (институции, семејства и поединци). Со оглед на големата количина на донирана облека неопходна беше посистематизирана дистрибуција и од таа причина во 2014 година беше отворен Пункт за облека со поддршка на Алфа Банка. Пунктот за облека кој се наоѓа во зградата на Црвен крст на Република Северна Македонија е опремен и уреден како продавница со цел да овозможи прегледна и лесна достапност на облеката за сите корисници, а во него граѓаните можат да добијат бесплатно облека со добиен ваучер од страна на стручната слжба во Црвен крст кој прави претходна проценка на состојбата. Истиот на годишно ниво го посетуваат повеќе од 1000 лица во ризик кои се обратиле за помош и кои добиле ваучер од страна на стручните соработници во Црвен крст на град Скопје и Општинските организации.

Во градот Скопје се поставени 9 контејнери за донирање на облека на следните локации:

  • Пред зградата на Црвен крст на Република Северна Македонија, Булевар Кочо Рацин бр.13,
  • Пред ООЦК Карпош,
  • Во Ново Лисиче, спроти Лиса Центар,
  • Пред ООЦК Чаир,
  • Плоштад Автокоманда,
  • Скопје Сити Мол,
  • Пред општина Кисела Вода и
  • Два контејнери пред зградата на ДХО Даре Џамбаз, улица 11 Октомври број 42а,

Локации низ РМ:

  • Пред зградата на ООЦК Струга
  • Пред зградата на ООЦК Битола
  • Пред зградата на ООЦК Охрид

    kontejner-upatstvo

< врати се назад