ДВОДНЕВНА ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ДЕЛЧЕВО
На 13ти и 14ти ноември 2024 година тимот од обучени фасилитатори беа во посета во Општинската организација на Црвен крст Делчево каде ја спроведоа Проценката на организациски капацитети (ПОКОО). Тимот од ООЦК Делчево во мешовит состав од вработени лица, соработници, членови на раководната структура, волонтери и млади од организацијата броеше 12 членови. Заеднички водени од фасилитаторите успешно ги поминаа сите задачи и алатки од методологијата на ПОКОО развиена од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Тимот од ООЦК Делчево ја позиционираше моменталната состојба на организацијата, ги идентификуваа приоритетите за развој, креираа план со активности за периодот од следните 12 месеци и се стекнаа со сертификат за успешно спроведена Проценка на нивните организациски капацитети.