ДВОДНЕВНА ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР
На 5ти и 6ти март 2024 година тимот од тројца обучени фасилитатори беа во посета во Општинската организација на Црвен крст Гостивар каде ја спроведоа Проценката на организациски капацитети (ПОКОО). Тимот од ООЦК Гостивар во мешовит состав од вработени лица, членови на раководната структура, волонтери и млади од организацијата броеше 12 членови. Заеднички водени од фасилитаторите успешно ги поминаа сите задачи и алатки од методологијата на ПОКОО развиена од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Тимот од ООЦК Гостивар ја позиционираше моменталната состојба на организацијата, ги идентификуваа приоритетите за развој, креираа план со активности за периодот од следните 12 месеци и се стекнаа со сертификат за успешно спроведена Проценка на нивните организациски капацитети. Ова е десеттата спроведена ПОКОО Проценка, а во наредните месеци трите тимови по тројца фасилитатори продолжуваат со проценките и во другите Општински организации.