ноември 17, 2021
ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!
Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата? Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.
Доколку сметате дека сте подготвени за комуникативна и креативна работа продолжете да читате.
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Кацеларијата на Црвениот крст на Репубилка Македонија има стручна служба која брои вкупно 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.
Поради зголемен обем на проектни активности од здравствено- превентивната програма, ние го зголемуваме нашиот тим за програми и проектно работење.
Назив на работното место: Проектен координатор по прва помош
Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија
Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје
Потребни квалификации:
– Кандидатите со универзитетска диплома за завршен факултет: медицински науки, стоматологија, фармација или висока медицинска школа, ќе имаат предност во процесот на селекција
– Можност за аплицирање имаат и кандидатите со ССС од областа на медицината, со одредено искуство, како и апликациите на кандидати со познавање од областа на прва помош, со меѓународни и домашни сертификати, прамедици и сл. а имаат друго образование
– Возачка дозвола Б категорија
– Активно познавање на англиски јазик
– Познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint), интернет и мејл апликации
– Работно искуство во граѓански сектор, здравствена институција и прва помош, како и работа на слични проекти ќе се смета за предност.
– проектно работење (задолжително)
Други професионални квалификации, способности и вештини:
– Комуникативна и позитивна личност
– Организациски и аналитички способности
– Способност за презентација и адаптација на работните услови
– Критичко размислување
– Тимски работник
– Мотивиран за работа
– Иновативен и креативен
– Познавање на развојните стратегии и политики во областа
– Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Опис на работното место:
Работни должности:
– работи на континуирано унапредување на дејноста, планирање, подготовка и реализација на програмите за прва помош;
-подготвува план за мониторинг и евалуација за работата на ООЦК и ЦКГС за вршење на дејноста;
-подготвува редовни извештаи за работа во дејноста на ООЦК и ЦКГС;
-дава предлози за унапредување на дејноста, иницира средби и состаноци со релевантни партнери и донесувачи на одлуки од областа на прва помош на локално и регионално ниво;
-подготвува писма и дописи од својата област на работа (прва помош);
-учествува на обуки, семинари и конференции на локално, регионално и меѓународно ниво;
-врши дисеминација на стекнатото знаење од обуки и семинари на кои учествува;
-ја презентира организацијата и организациските цели во рамките на својата област (прва помош) на локално, регионално и меѓународно ниво со претходно одобрение на раководител и Генерален Секретар ;
-дава предлози и спроведува стручни анализи за прашања кои се од значење за првата помош;
-организира курсеви за обука по прва помош за различни целни групи;
-организира Државен натпревар по прва помош на ниво на организација;
-ја следи организацијата на општинските натпревари по прва помош;
-ја организира работата на комисијата по прва помош и подготвува работни материјали за состаноци на комисии;
-организира состаноци со Координативното тело по прва помош и подготвува дневен ред и работни материјали за состанокот;
-ја следи на имплементацијата на обуките за прва помош за возачи;
-ја следи на имплементацијата на обуките за прва помош за правни лица;
-организира обуки и курсеви за предавачи и демонстратори за прва помош;
-редовно ги следи промените во законската регулатива, стратегиите и политиките на надлежните Министерства и Владата од областа на прва помош;
-Ја следи и координира работата на ООЦК/ЦКГС во однос на активностите поврзан со првата помош;
-подготвува материјали од областана на прва помош за Раководен одбор;
-води грижа за почитување на стандардите за брендирање на ЦКРСМ;
-редовно и навремено испраќа информации за планирани настани на ЦКРМ до одговорното лице за односи со јавност и извештаи по завршување на настаните;
-редовно испраќа информации од настани на кои учествува како претставник на ЦКРСМ до одговорното лице за односи со јавност;
-подготвува годишен индивидуален оперативен план (ИОП) за работното место ;
-учествува во подготовка на индивидуален развоен план и спроведување на ИРП;
-подготвува дневни, неделни, месечни и годишни планови за работа;
-подготвува дневни, неделни, месечни и годишни извештаи за реализираните активности;
-го информира раководителот за сработените активности усно или писмено;
-редовно ги ажурира податоците, материјалите, извештаите на организациската платформа за комуникација;
-навремено известува за промени и/или пречки за реализација на одредени активности;
-се консултира со раководителот на секторот пред извршување на промени во активностите предвидени во индивидуалниот оперативен план
-Ја координира и технички ја подржува работата на Стручниот Центар по прва помош (на национално ниво)
Нето плата: од 25 000,00 денари – до 30 000,00 денари
Можност за напредок во кариерата и дополнителни бенефиции.
Инструкции како да се аплицирате :
Испратете ваша кратка биографија и мотивациско писмо (ЗОШТО да Ве викнеме токму вас на интервју) на е-маил: alkhalili@redcross.org.mk и stolevska@redcross.org.mk Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во рок од 10 дена.
Огласот трае до 23.11.2021 година.
Ве очекуваме.