ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!
Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата? Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.
Доколку сметате дека сте подготвени за комуникативна и креативна работа продолжете да читате.
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Канцеларијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија има стручна служба која брои вкупно 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.
Назив на работното место: Асистент за административно правни работи во Црвен крст на Република Северна Македонија
Позицијата подразбира вработување на определено време со 40 часа неделно.
Работно време: Понеделник до Петок : 08.00 до 16.00 часот.
Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија
Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје
Потребни квалификации:
Образование: Завршен правен факултет и минимум две година работно искуство во област на административно и канцелариско работење – офис менаџмент.
Јазик: Течно говорење и пишување на Англиски јазик.
Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи Microsoft Teams, Zoom.
Други професионални квалификации, способности и вештини:
- Комуникативна и позитивна личност
- Организациски и аналитички способности
- Способност за презентација и адаптација на работните услови
- Критичко размислување
- Тимски работник
- Мотивиран за работа
- Иновативен и креативен
- Способност за добро менаџирање со време, луѓе и рокови
- Познавање на развојните стратегии и политики во областа
- Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Опис на работното место:
Работни должности:
- Го организира и врши канцелариското работење;
- го врши архивското работење согласно законските прописи од оваа област вклучувајќи: архивирање на сите предмети според планот на архивските знаци и листите на категории за чување на архивската граѓа и на документарниот материјал и ги следи прописите кои се однесуваат на оваа област
- се грижи за собирање, средување и обработување на архивски материјали како и негово безбедно чување на архивскиот материјал
- издава реверси за земени предмети од архива;
- води грижа за заштита и доверливоста на лични и други податоци на ниво на централната канцеларија;
- ги следи прописите кои се однесуваат на административното работење и подготвува интерни акти
- подготвува писма и дописи од својата област на работа;
- подготвува договори за набавки и учествува во подготовка на документација за набавка;
- се грижи за доследна примена на интерни акти за набавки и ја советува комисијата за набавки за нивна правилна примена
- води грижа и евиденција за движен и недвижен имот на организацијата;
- ги советува и дава поддршка на општинските организации и ЦКГС поврзано со имотно-правните прашања;
- ја застапува организацијата пред Управните и Судските органи со овластување на Генералниот Секретар;
- ги следи и се грижи за правилна примена на законите и подзаконските акти од областа на човечките ресурси кои се однесуваат на селекцијата, вработувањето и мобилноста во стручната служба на НД
- ги подготвува сите видови на акти и документи кои се однесуваат на селектирањето и вработувањето преку јавен и интерен оглас
- подготвува мислење за секретарите на ООЦК и ЦКГС
- подготвува мислење за секретарите на ООЦК и ЦКГС
- подготвува дневни, неделни, месечни и годишни планови за работа и реализираните активности
Почетна нето плата: 30.000,00 денари
Инструкции како да се аплицирате :
Заинтересираните кандидати на мејл адресите stolevska@redcross.org.mk и alkhalili@redcross.org.mk потребно е да ги достават следните документи:
- Кратка биографија
- Универзитетска диплома за завршено образование
- Кратко мотивациско писмо, со наведени минимум две професионални референци
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.
Огласот трае до 20.09.2022 година.
Ве очекуваме.