април 13, 2023

Хуманитарна акција за помош на ранливо население

Црвениот крст на Република Северна Македонија oд  17 до 23 април  2023 година ја одбележува традиционалната „Недела на солидарност“, под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“. Во рамките на неделата се организира  Акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, и истите можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст.  Целта на акцијата е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население.

 

Во акцијата граѓаните и правните субјекти можат да донираат и парични средства:

  • Со повик на телефонскиот број 143 400 од мобилните оператори  Македонски Телеком  и А1 Македонија – донaција од 100 денари
  • Со уплата на средства на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620

 

Средствата ќе бидат наменети за обезбедување на помош во храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик.

 

Со Вашата донација – овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна.

< врати се назад