февруари 9, 2017
Хуманитарната помош за завеаните села во Крива Палланка
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на ДРЕФ операцијата за справување со последиците од студениот бран кој ја зафати нашата држава, дистрибуираше хуманитарна помош до погодените семејства во општина Крива Паланка и околината.
Хуманитарната помош од ДРЕФ Операцијата и останати донатори се состоеше од семејни пакети со храна, семејни пакети со хигиена, ќебиња, јакни и сетови со капи, ракавици и шалови. Дистрибуцијата ја спроведоа тимови на Црвениот крст на Република Македонија и Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Крива Паланка во соработка со локалните институции. Активностите и дистрибуцијата на хуманитарната помош продолжува.