Информација за спроведување на супервизиски работилници за снаги и вештини на менаџирање на стрес за вработени и волонтери при ЦКРСМ
Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на проектот за поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија за итен одговор на КОВИД- 19 пандемијата, поддржан од IFRC, во периодот од 17.12-21.12.2020 ќе одржи 5 групни (on-line) супервизиски работилници за јакнење на снаги и вештини на менаџирање на стрес. Супервизиските работилници се наменети за вработените и волонтерите при ЦКРСМ со цел заштита на нивното ментално здравје и спречување на синдром на согорување како во кризни ситуации, така и во мирнодобски услови.
Работилниците ќе бидат водени од Натка Пачоска – Специјалист по медицинска психологија – Психотерапевт и Проф. д-р Драгана Батиќ, Психолог – психотерапевт.
Во текот на месец јануари 2021 година се планирани да се спроведат уште 5 супервизиски работилници и со тоа да се зајакнат капацитетите од областа на ментално здравје на 100 вработени и волонтери на Црвениот крст на Република Северна Македонија.