октомври 16, 2024

Кампања по повод „Недела на борба против гладта“

Според најновите статистички податоци за сиромаштијата во Светот,  приближно 9,2% од глобалното население или околу  700 милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија. Во нашата земја според податоци на Државниот завод за статистика во 2020 година стапката на сиромашни лица изнесува 28.1 %. Под прагот на сиромаштија живеат 451.900 лица.

Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања „Помислете и на нас“, која ќе се спроведе од 16 до 22 октомври преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании, со  образовно – воспитни институции, здруженија на граѓани, и  граѓаните.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

 

< врати се назад