јули 23, 2024

Логистичка поддршка на екипите при справувањето со пожарите

Мобилните екипи на Црвениот крст на РСМ се активно вклучени во логистичкиот дел од гасењето на пожарите на територија на цела држава.

Пожарот кој избувна вчера во попладневните часови, на територијата на општина Старо Нагоричане, во атарот на с. Челопек, во координација на Главниот штаб за управување со кризи, денес рано наутро волонтерите на Црвениот крст во непосредна близина на пожарот поставија танк (мобилен базен) кој се полни со вода од блиската река Пчиња а од кој хеликоптерот црпи вода и на тој начин прави многу повеќе налети и истура значително повеќе вода врз огнените точки отколку кога би летал и полнел вода од најблиската постоечка водена површина. Длабочината на реката Пчиња не е доволна за хеликоптерот да полни вода директно од неа.

< врати се назад