Меѓународна школа за миграции
Од 17 до 21 септември во Струга по втор пат се организираше Меѓународна школа за миграции во организација на Црвен крст. На школата учестуваат претставници од Националните Друштва на Црвен крст на: Грција, Бугарија, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Русија, како и учесници од РСМ. На денешната панел дискусија на темите: – Миграциите и влијанието ма домашното население и јавните институции и – Важноста од меѓуинституционална соработка. Свое обраќање имаше Министерот за внатрешни работи г-дин.Оливер Спасовки како и Генералниот секретар на Црвен крст г-дин.Саит Саити. За време на школата свои излагања имаа и ќе имаат претставници од УНХЦР, ИОМ, MYLA, МВР…додека на отварањето присуствуваше и Потпреседателка на Црвениот крст г-ѓа Лилјана Ристовска. Младите имаат можност да учат за миграции преку теоретски но и практични вежби подготвени и специјално дизајнирани за нив. Оваа активност е поддржана од страна на ИФРЦ.